На околу 12.000 осигуреници не им се уплаќало во вториот пензиски столб

За околу 12.000 вработени на возраст од 40-тина година со години не се распределувале средства во вториот пензиски столб од платените придонеси. Со тоа по исполнувањето на условите за пензионирање тие би добиле многу помали пензии. Најголемиот број од осигурениците во изминатите 10 години за прв пат засновале работен однос. Исплатата на придонесот за вториот столб на пензиско осигурување била заглавена во периодот од 2007 до 2018-та година, а недостасувала за вработени и во приватниот и во државниот сектор.
По откривањето на овој скандал Министерството за труд и социјална политика презеде мерки за решавање на проблемот и исправање на направената неправда кон овие лица, од кој секој осигуреник е оштетен за 6.500 евра.
Средствата во износ од 19 милиони евра се обезбедени и ќе им бидат префрлени на оштетените, а надлежните правосудни институции ќе треба да го процесираат случајот и согласно законите да одредат кој се треба да понесе одговорност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.