Вчера околу 16 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, патничко возило „Ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К. (39) од Тетово, удрило во карпест брег покрај патот.
А.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен болницата во Тетово, каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје.