На петмина баратели на амнестија Кривичен суд им ги уважи жалбите

Постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017. година во Собранието на Р. Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во законски утврдениот рок одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решенија со кои барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17, како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи.
Од Основен суд Скопје информираат дека девет други барања кои се однесуваат на седум обвинети лица со решенија од 28.12.2018. година се одбиени како неосновани и доставени до странките.
Обвинетите, согласно Законот, имаат право на жалба на решенијата во рок од три дена до повисокиот суд.
Останатите барања, за кои се уште тече рокот за одлучување се во фаза на изготвување решенија и во наредните денови ќе бидат доставени до странките.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.