На планинарска патека на Бистра пронајдени две неексплодирани бомби кашикари

На планинарска патека на планината Бистра, вчера биле пронајдени две неексплодирани бомби кашикари.

„Вчера околу 10.00 часот на планинарска патека во планинскиот предел над с.Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби кашикари. Увид бил извршен, а бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи“, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: