На Попова Шапка во карантин се 154 лица во хотели
Од вчера и ноќеска во хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, кои се во сопственост на АД ЕСМ се пристигнати лица кои треба да поминат 14 дневен карантин откако се вратени од странство, а согласно мерките за превенција од КОВИД19. Станува збор за 154 лица кои се дојдени со летови од Виена, Австрија и Базел Швајцарија.
-Првата група пристигна вчера околу 17 часот, а вторта околу 2:00 часот ноќеска по полноќ. Им беше извршен медицински преглед од Клинички центар Тетово. Сите имаат добиено храна, вода и хигиенски продукти според пропишаните процедури и протоколи, изјави Живе Алексовски, директор на подружица Попова Шапка при АД ЕСМ.
ДЕНЕШЕН ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКСТОВИ:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Пронајдете не на следниве мрежи: