На Попова Шапка и Маврово вее снег, како е на другите места?

Изутринва на Попова Шапка има 8 сантиметри снег, а во Маврово 3 сантиметри. Снежна покривка има и во Пожаране.
Минимални температури се измерени во Тетово, Пожаране, Крушево и Маврово. Времето изутринава е облачно со слаб до умерен ветер. Во Тетово и Струмица има појава на магла, а во Гевгелија врнежи од дожд.
Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Буково, информира диспечерскиот информативен центар на ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.