Од засега неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар починал возач на автобус. Според СВР Тетово синоќа на превојот“Стража” починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус “Мерцедес” со скопски регистерски таблички.
Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на “Стража”, му се слошило и паднал во безсознание. Во меѓувреме биле повикани лекарите од гостиварската Брза помош, кои ја констатирале негова смрт.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на Јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. му е предадено на семејството.