На провокациите им нема крај: Шакира постави вештерка на балконот насочен кон куќата на поранешната свекрва

Во четвртокот Шакира објави песна за нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике, која го собори рекордот за само два дена. Песната во која зборува за измамата на Пике за два дена собра над 86 милиони прегледи на Јутјуб и собори важен рекорд.

Поранешниот партнер веќе двапати ја исмејуваше Шакира, а изгледа пејачката нема намера да се откаже.

На Твитер се појави фотографија од балконот на една куќа на која се гледа играчка вештерка, за која се верува дека ја поставила Шакира.

  • Шакира наводно поставила кукла вештерка на нејзиниот балкон свртен кон куќата на нејзината поранешна свекрва, додека нејзината песна може да се слушне како гласно се повторува, се вели во објавата.

Мајката на Пике Монсерат ја забележала куклата-вештерка на балконот на Шакира. Локалните медиуми јавуваат дека таа побарала од персоналот на Шакира да ја свртат вештерката за да не биде свртена директно кон нејзината куќа.


Пронајдете не на следниве мрежи: