На континуираните студентски блокади на факултетите во Србија, се приклучуваат се повеќе средни училишта низ Србија. Акцијата „15 минути молк“ се одржа денеска во 11:52 часот во Белград, Нови Сад, Ниш. Инцидент се случил пред Фармацевтскиот факултет, кога автомобил влетал во толпата и соборил жена.
Универзитетите во Белград и Нови Сад се под блокада. Под блокада се и сите факултети во Крагуевац.
Студентите велат дека нивните барања, и покрај спротивното тврдење на владините претставници, не се исполнети. Студентите се поддржани и од колеги од регионот и од странство.