Стадионот „Ноу Камп“ во Барселона, во вторник, ќе биде центарот на фудбалскиот свет, на овој терен Барселона и Реал ќе го одиграат 224-то „Ел Клaсико“.
Шпанските великани, во меѓусебен дуел ќе решат која екипа ќе игра во финалето на Купот на Кралот. По првиот полуфинален меч, кој пред еден месец се одигра во Мадрид, мала предност има Барса, дуелот заврши 1:1 – Фабрегас погоди за Барселона, а Варан го спаси Реал од пораз. Во досегашните меѓусебни соочувања за нијанса е поуспешен Реал кој има 88 победи, една повеќе од Барселона, додека 48 натпревари завршиле без победник. Кога станува збор за националниот Куп, големите ривали го одиграа 31 натпревар, Барселона победила 14 пати, Реал 10, а седум пати било нерешено. Лео Меси на овој натпревар ќе се обиде да го израмни или собори рекордот на легендата на Реал, Алфредо Ди Стефано, кој е најдобар стрелец во Ел Класико со 18 постигнати погодоци, Меси има гол помалку. Дуелот на „Ноу Камп“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе започне во 21 часот.
Макфакс
Стадионот „Ноу Камп“ во Барселона, во вторник, ќе биде центарот на фудбалскиот свет, на овој терен Барсел