На Рикиардо пицата му помогнала за да победи во Италија

Пилотот на тимот на Рено, Даниел Рикиардо, зборувајќи за Гран при на Италија, рече дека пицата му помогна да го заземе четвртото место.
– Од деновите на Канада, немавме таква брзина. Сигурен сум дека денес навистина бев четвртиот најбрз болид. Ова е навистина уникатна патека каде што „downforce“ е најмалку важно и можете да ги користите најмалите крилја. Во исто време, автомобилот сè уште има одличен баланс.

Благодарност до целиот тим и особено момците од Вири кои прават мотори за нас. Што се однесува до мене, јас имам своја тајна: од среда навечер јадев пица секој ден. Ова е солиден оброк, и му помогна на автомобилот да застане посилно на патеката. Вкупно шест пици – и еве јас сум на четвртото место! Жално е што не бев на подиумот и не успеав да пијам шампањ. Иако нашите механичари дефинитивно заслужуваа големо шише вечерта – изјави Рикиардо.
На првите три позиции во Монца се пласираа Шарл Леклер од Ферари, Валтери Ботас и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.