Потиснувањето и целосното уништување на вооружените единици на украинската армија која упадна и изврши анексија на регионот Курск не е помалку важно за Русија од офанзивата во Донбас, пишува Њујорк тајмс.
Анализирајќи ги акциите на руската воена команда, весникот констатира дека реакцијата на украинскиот напад во пограничната област била „некако бавна“ од страна на руската армија.
Во исто време, според американските аналитичари, Москва сега систематски ја гради својата група во Курската област, а во исто време спроведува голема офанзива во непризнаената ДНР.
„Се чини дека Руската Федерација планира долгорочна гранична конфронтација со Украина, но не се откажува од својата главна цел на летната кампања – заземањето на Покровск“, смета изданието, истакнувајќи дека на Русија ќе ѝ требаат барем 50 илјади војници целосно да го расчистат пограничниот регион.
Сепак, една од главните идеи е фактот дека Русија не ја следеше украинската иницијатива за да падне во стапица, со тоа што не ги префрли своите единици вклучени во офанзивните операции во Донбас во областа Курск. Со ова руската воена команда на некој начин ги осети плановите на Киев и нејзините западни инструктори и со тоа се стекна со тактичка предност на теренот.
Западните аналитичари се сè погласни во тврдењата дека, откако Москва сочека да заврши брзиот продор, групата на вооружените сили на Украина се чини дека сега е заглавена во регионот Курск бидејќи ја изгуби способноста за спроведување на офанзивни операции од големи размери.
Украинците почнаа да се вкопуваат на позициите на новоосвоената руска територија, надевајќи се дека ќе останат во пограничниот регион на Руската Федерација барем до претседателските избори во САД.
Сепак, многумина воени експерти сметаат дека задачата на овие украински војници е невозможна мисија, бидејќи исклучително тешко оди логистиката и префрлувањето на воените резерви во овој регион. Руската авијација започна интензивно да ги уништува украинските резервни единици додека тие се обидуваат да ги заменат постоечките кои се распоредени на руска территорија.
Според податоците на Министерството за одбрана на Русија, вооружените сили на Украина веќе изгубиле повеќе од шест илјади војници во областа Курск. Оваа бројка особено е алармантна ако се земе предвид дека единиците кои зазедоа делови од Курската област се сметаат за едни од најобучените и најдобро опремените во украинската армија.
Во меѓувреме, борбената група на украинската армија распоредена долж линиите во Доњецк и Луганск повеќе не може да го запре брзото напредување на руската армија кон Покровск, кој е главниот логистички центар на украинските сили во Донбас.
Во Киев не го кријат стравот по ова прашање, дека загубата на Покровск ќе им го отвори патот на вооружените сили на Русија кон Дњепропетровск.
„Покровск е многу важен центар, центар на одбраната. Ако го загубиме Покровск, ќе се распадне целата линија на фронтот“, предупредуваат украинските воени експерти.
Во исто време, изгледите за останување на украинските елитни сили во регионот Курск се оценуваат со екстремен скептицизам.
Украинскиот врховен командант Олександр Сирски изјави дека Русија ќе испрати најмалку 30.000 војници во својот регион погоден од војна, за да го ослободи Курск. Така и беше планот овие украински елитни единици да се вкопаат и да ги принудат Русите наместо да притискаат врз Донбас, силите да ги насочат кон Курск.
Наспроти ова, состојбата на овој простор сè уште не е стабилизирана, се водат битки на повеќе фронтови.
Но, иако Украина очекуваше дека нивната акција во Курск ќе повлече значителни руски воени сили од другите делови на фронтот, тоа не се случи во Доњецк, каде што на Украина ѝ се заканува катастрофа.
Русија ги повлече силите од некои помалку активни делови на бојното поле во Курск, но воопшто не го намали притисокот врз Доњецк, со што ги продолжи своите воени успеси кои започнаа со освојувањето на Авдеевка во февруари. Исто така, како што пишуваат западните медиуми , загрижува брзината со која Украина ја губи контролата врз областа во близина на два големи града – Покровск и Мирноград.
Сè погласни се оценките на западните експерти дека, како што сега се чини, украинскиот трик со нападот на регионот Курск во Русија пропаднал и на таа земја сега ѝ се заканува катастрофа на многу линии на фронтот. Воведен е и полициски час, а луѓето чекаат Русите да упаднат, јавуваат дел од медиумите.