Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) денеска на аеродромот во Сараево уапсија лице за кое се вели дека е „во врска со терористички организации“.
СИПА соопшти дека по тоа лице е распишана потерница и дека акцијата била спроведена во соработка со Граничната полиција на БиХ и Агенцијата за разузнавање и безбедност (ОБА).
Уапсениот е приведен во просториите на СИПА, а по кривичната истрага ќе биде предаден на Обвинителството на БиХ.