На своите 200 вработени им подготвил неверојатен подарок, а кога слушнале што добиваат плачеле од среќа

Ли Шенхер, директорот на една приватна компанија во Мичиген, одлучил да израдува 200 вработени со бонус од 4 милиони долари.
Тоа би значело дека вредноста на бонусот ќе биде од 20.000 до 60.000 долари по вработен.
Фабриката произведува пена која потоа се продава во голем синџир на продавници во САД, како и преку „Амазон“ и е наменета за декорирање и цветни индустрии.

Компанијата „Флора крафт“ е основана во далечната 1946-та година, а нејзиниот сегашен извршен директор и сопственик, Ли Шенхер, ја води од 1973-та година.
Тој на 14-ти декември ја објавил одлуката за бонусите, на свечената вечера со вработените.
Вработените му аплаудирале, а некои дури заплакале од среќа.
„Тоа е нешто што Ли со години сакаше да го направи. Во февруари, на собирот на управниот одбор рече: ‘Мислам дека оваа година мора да изнајдеме начин за тоа да го реализираме.’ Поминавме голем дел од годината смислувајќи ја вистинската програма“, рекол Ерик Ервин, еден од главните менаџери.

Како што соопштила компанијата, висината на бонусот зависи од тоа колку долго работеле во фирмата. Вработените ќе добијат бонус од два дела. Првиот дел ќе го добијат во готово и тоа до крајот на наредната година, а вториот дел ќе им биде префрлен на сметка, до крајот на март, 2020-та година.
Сè до свечената вечера, компанијата тоа го чувала како строго доверлива тајна.
Инаку, во оваа фирма никогаш немало отпуштање на вработените поради технолошки вишок или поради лошо работење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.