На скопскиот аеродром дел од летовите откажани, дел ќе доцнат

Иако утринава до 08:00 часот беа реализирани сите планирани полетувања и слетувања на скопскиот аеродром и денес авиосообраќајот се одвива отежнато. Дел од летовите се откажани, а дел од оние што би требало да се реализираат, најверојатно ќе доцнат.
Според веб-страницата на скопскиот аеродром, откажани се полетувањата и слетувањата од и до Истанбул и Атина, додека летот од Доха на „Катар ервејс“ е пренасочен за Софија. Најавено е доцнење и на летовите од Виена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.