На сред правната драма меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, исплива снимка во која глумицата го „малтретира“ нејзиниот колега

Среде правната драма помеѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони, неодамна во јавноста се појави видео од сетот на филмот на Лајвли „A Simple Favor“, од кое обожавателите заклучија дека Лајвли го вознемирува својот колега.
Имено, во една од сцените од снимањето, Лајвли ја става раката на меѓуножјето на Хенри Голдинг, со кој глуми во филмот и нагласи дека овие сцени биле „импровизациски“.
Во коментарот на филмот, таа истакна дека тоа е дело кое изгледа како нешто што нејзиниот лик би го направил. Иако филмот е снимен во 2018 година, снимката од оваа сцена повторно стана актуелна за време на правната битка помеѓу Балдони и Лајвли.
Гледачите ја изразија својата „згрозеност од постапките на Лајвли“ во коментарите под видеото, наведувајќи: „Ова е неверојатно, лицемерието е одвратно“, „Кутриот Хенри изгледа многу засрамено. Оваа жена навистина нема срам“, „Таа може сексуално да ги вознемирува мажите, а потоа да лаже за тврдењата дека некој ја вознемирувал“, „Таа треба да одговара за нејзината постапка“.

Блејк претходно истакна дека нејзините деца се трауматизирани од драмата со Балдони. Според Page Six, таа ја изменила тужбата што ја поднела пред федералниот суд во Њујорк. Во судскиот документ се наведува дека Џејмс, Инез, Бети и Олин биле трауматизирани и дека ситуацијата „емоционално влијаела на нивната благосостојба“.
Во документот таа навела дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс исто така бил „ментално, физички и професионално погоден од болката на неговата сопруга и децата“. Во тужбата напишала дека и било тешко да стане од кревет, а и дека доживеала „болни физички симптоми“.

Пронајдете не на следниве мрежи: