На тезгите на зелените пазари нема да смеат да продаваат пензионери и вработени

Од Нова година пензионерите, вработените и лицата кои имаат некаков хонорар нема да можат да продаваат на тезгите на зелените пазри. Според Стопанската комора заради оваа измена во Законот за трговија, на пазарите ќе се намалат и бројот на пазараџии и прометот. Се очекува прометот да се намали за дури 30 проценти, па затоа од Комората бараат Законот да се одложи за некое време, објави „24 Вести“.
-Секој кој наоѓа интерес да тргнува на зелениот пазар треба да го оствари тоа право зошто државата има форма како да си го наплати својот дел, односно персоналниот данок за сите оние кои тргуваат на зелените пазари. Не гледаме пречка зошто овие категории не би можеле да тргуваат повторно на зелените пазари – вели Даниела Михајловска од Стопанската комора.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.