На Тибет ново заеднички самозапалување на две момчиња

Две тибетски момчиња, на 17 и 18-годишна возраст, заедно се запалиле во тибетската област на Кина, соопштија невладините организации.Седумгодишниот Ринчен и 18-годишниот Санам Дардје, поранешни соученици од основно училиште ја запалиле својата облека во вторникот во градот Дзоргево покраината Сечуан, соопшти здружeнието за заштита на Тибетанците, Меѓународната кампања за Тибет (ICT).Семејствата на двајцата адолесцентни успеале да ги преземат нивните посмртни останки, но не е сигурно дека ќе можат да го одржат традиционалниот погреб на што се спротивставуваат властите кога станува збор за самозапалување како акт на протест против кинеската доминација со Тибет, истакнува ICT чие седиште е во американската престолнина Вашингтон.Информацијата за двојното самозапалување ја објави и Free Tibet, уште една организација која се застапува за правата на Тибетанците.Според оваа информација, ова би бил 104 случај од 2009 година во кој Тибетанци на овој очајнички чин се обидуваат да извршат самоубиство или се самоубиваат во Кина, во знак на протест против кинеската доминација со областа и репресијата кон нивната религија и култура.Кина, инаку, на 31-ви јануари годинава првпат изрече тешка казна за еден тибетски будистички монах и неговиот внук поради поттикнување на самозапалување на млади Тибетанци коишто како знак на протест кон кинеската управа со Тибет стана зачестена појава и тоа на кинеска територија.На 40-годишниот Лорангу Канчок му беше изречена условна смртна казна, која речиси секогаш се менува во доживотна затворска казна, а на неговиот 31-годишен внук Лароангу Церинг – десетгодишна затворска казна.Двајцата беа прогласени за виновни за „поттикнување” и „присилување” на осуммина Тибетанци на очајничкиот чин, според одлуката на судот во Аби, тибетската област во југозападниот дел од земјата. Тројца од нив починаа во текот на 2012 година откако ги запалија своите одежди.Врховниот суд и највисокото кинеско правосудство и полициските власти најавија минатиот декември дека секој за кого ќе се докаже дека помагал или поттикнувал Тибетанци на самозапалување ќе биде кривично гонет за „убиство” .Од 2009 година во Кина на овој начин се обиделе да си го одземат животот стотина Тибетанци во знак на протест против кинеската доминација и власт на оваа област којашто ја сметаат за своја татковина и поради задушување на нивната религија и култура. Повеќето им подлегнаа на повредите од изгорениците.Според официјалните податоци на Пекинг, од март 2011 до јуни оваа 2012 година како резултат на чинови на саможртвување со самозапалување починале повеќе од 20 Тибетанци. Кинеските власти тврдат дека постојат докази дека сите такви случаи се внимателно подготвени од странство од сепаратистичките активисти коишто се залагаат за отцепување на Тибет од Кина.„Само е еден одговор на кинеските власти на самозапалувањата: репресија и уште посилна репресија. Тоа само го потврдува неуспехот на нејзината политика на Тибет”, коментираше пред извесно време за AFP, Катиа Буфертрил, тибетолог која живее во Париз.Тибет останува едно од „жешките” и најзатворени прашања во денешна Кина, којашто била анектирана во составот на Поднебесното царство во XIII век. Набргу по основањето на Нова Кина во 1949 година, Пекинг и Ласа потпишаа Договорот за мирно ослободување на Тибет, според кој областа влезе во составот на Кина како автономен регион.Далај Лама XIV Тензин Гјацо побегна од Тибет во 1959 година по вклучувањето на областа во составот на Народна Република Кина и неуспешниот антикинески бунт. Заедно со неговите приврзаници тој живее во индискиот град Дармсала, каде што дејствува „тибетската влада во егзил”. Во март минатата 2011 година Далај Лама најави оставка од неговата лидерска позиција, но тоа не ги намали полемиките меѓу него и Пекинг, каде што го сметаат за сепаратист.
МакфаксДве тибетски момчиња, на 17 и 18-годишна возраст, заедно се запалиле во тибетската област на Кина, соопштија нев

Пронајдете не на следниве мрежи: