На Токсикологија единаесетмина затруени во вчерашниот пожар

Единаессетемина кои се затруја со чад во вчерашниот пожар во скопската населба Кисела Вода, се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија и се во стабилна општа состојба, информираат денес од Клиниката.
– Сите пациенти се во стабилна општа состојба. Спроведени се сите дијагностички процедури согласно протоколите за лекување и до добивање резултати од иследувањата, пациентите ќе бидат хоспитализирани. Во најголем дел пациентите имаат потешкотии со дишењето, гушење, кашлање, кивање, и слични симптоми, изјави денеска д-р Наташа Симоновска од Клиниката за токсикологија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.