Актуелниот англиски првак Манчестер сити со џиновски пресврт го победи Тотнем во дерби мечот од одложената седма рунда во Премиерлигата, па остана во трка за шампионската титула со Арсенал намалувајќи ја предноста на „топчиите“ на пет бода со меч повеќе после вечерашниот триумф со 4-2.
Ни два гола предност на полувреме за лондонски Тотнем не беа доволни за да остане непоразен против „граѓаните“ на Пеп Гвардиола, кои со блискриг од 12 минути во првата третина од вториот дел успеаа да направат голем пресврт и големата негатива од 0-2 да ја претворат во водство од 3-2 и на крај да запишат победа.
Сѐ тргна на лошо минута пред полувремето кога Дејан Кулушевски погоди за водство на лондончани, а Емерсон Ројал две минути во судиското надополнување од првиот дел ја дуплираше предноста.