На вчерашната седница(09.09) Владата ги усвои предлозите на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и тоа:
- Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување.
- Бремените жени да продолжат да ги користат мерките донесени од страна на Владата.
Исто така, Владата ги усвои предлозите во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19 да се додадат два нови става во насока:
- Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години,
- Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на нашата земја од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Р.М и во случај на транзитирање низ државата.