недела, 29 ноември 2026
Најново

На убавите луѓе им е тешко да бидат среќни во љубовта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Урбаната легенда вели дека убавите луѓе полесно минуваат низ сè во животот…
Но, се чини дека ним на љубовен план, баш и „не им цветаат рози“.
Истражување на Универзитетот Харвард ги посочува причините зошто оние кои се сметаат за натпросечно убави, потешко остваруваат успешни и долготрајни врски.
Стручните лица појаснуваат дека тоа е така основна причина за тоа е што убавците и убавиците полесно пронаоѓаат партнер и релативно бргу влегуваат во врска.
Но, честопати тоа и кусо трае поради „заканите однадвор”. Односно, тоа значи дека атрактивните луѓе едноставно имаат повеќе избор, па им е тешко да „се смират“ само со една личност.
При спроведувањето на ова истражување, научниците заклучиле дека ист е случајот и кај познатите и кај оние „обичните“ луѓе. Едноставно, поубавите се посклони кон авантури, но неретко се и сами.

Поврзани вести