На Украина ѝ стигнува ново моќно оружје! Оваа европска земја ќе ѝ испорача брутални ракети: Се огласи и Зеленски, па го искасапи Путин (фото)

Во текот на оваа година, Шпанија ќе и’ даде на Украина воена опрема вредна една милијарда евра, како дел од билатералниот договор што во Мадрид го потпишаа шпанскиот премиер Педро Санчез и украинскиот претседател Володимир Зеленски.„Најважно е брзо да и’ помогнеме на Украина да се одбрани“, рече Санчез на прес-конференција.„Сакаме да испратиме порака до Украина, меѓународната заедница и (рускиот претседател) Путин дека ќе бидеме со Украина сè додека е потребно за да ја обезбедиме нејзината слобода, територијален интегритет и суверенитет“, додаде тој.Зеленски денеска ја оствари својата прва посета на Шпанија откако Русија започна инвазија на Украина пред 824 дена. Украинската армија се соочува со руска офанзива во источниот регион Харков, па Зеленски бара од западните сојузници дополнително оружје. Истовремено, Украина продолжува со бомбардирањето во внатрешноста на Русија, каде во понеделникот едно лице загина, а тројца се ранети.Зеленски се сретна со кралот„Русија сака да нè уништи“, рече Зеленски и се заблагодари на Шпанија за помошта. Шпанија вети дека ќе испрати десетина проектили за американските противвоздушни системи Патриот и 19 користени тенкови и муниција Леопард 2А4 од германско производство.Ракетите нема да доаѓаат со целокупните системи, пишува весникот „Ел Паис“, а Санчез рекол дека не е можно Шпанија да ги испрати „Патриотите“, туку дека веќе испратила ракети.„Денес разговаравме за противвоздушни системи. Шпанија не може да ни помогне сама по ова прашање, но такви системи има доволно во светот“, рече Зеленски.Украинскиот претседател денеска се сретна со шпанскиот крал Фелипе Шести, а во текот на денот се сретнa и со претставници на шпанскиот парламент и на опозицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: