На фестивалот Егзит Грк се предозира и почина во болница

Управата на светски познатиот музички фестивал Егзит кој се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, упати жалење поради трагичната смрт на еден посетител од Грција.
Откако му се слошило, Гркот бил однесен со Брза помош, но по кусо време починал во болница. Пријателите што биле со него изјавиле дека тој цел ден конзумирал разни наркотични средства и дека боледувал и од хронична болест.
Од фестивалот Егзит нагласуваат дека секогаш се залагаат за некористење било какви наркотични средства и дека постојано водат кампањи за превенција и за штетноста од дрогата.
Вчера во Нови Сад беше отворен 19 фестивал Егзит со рекорден број посетители од целиот свет.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.