На Флорида прогласена вонредна состојба поради поплави

На повеќе места на Флорида е прогласена вонредна состојба откако обилните дождови ја поплавија областа. Одлуката ја донел гувернерот на Флорида Рон де Сантис.

Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, пренесоа британските медиуми.

Не се очекува бурата да стане тропска бура, но прогнозите покажуваат дека следната сезона ќе има голем број урагани.

Меѓународниот аеродром во Мајами и меѓународниот аеродром Форт Лодердејл-Холивуд вчера откажаа или одложија рекордни 1.200 летови, а проблемите со воздушниот сообраќај се очекува да продолжат и во остатокот од работната недела, јавува Си-Ен-Ен, кои додаваат дека дождот се уште е корисен поради сушата, која зафаќа половина од Флорида.

Пронајдете не на следниве мрежи: