Нумерологот Ивана Скориќ, врз основа на датумот на раѓање, кажува што сѐ ја чека пејачката во новата врска, но и други познати парови кои се сакаат.
Најинтересна е секако Цеца Ражнатовиќ, која од неодамна ужива во врската со Богдан Срејовиќ, кој е девет години помлад.
– Цеца тешко влегува во љубовни врски, па може да се заклучи дека ова е голема, вистинска и взаемна љубов штом Богдан го покажа на јавноста. Сите аспекти покажуваат дека Цеца и Богдан се судбоносен сојуз и дека морале да се сретнат и да започнат врска. Нивната љубов, како и привлечноста, се многу силни, нивната љубов е чиста, младешка, тие се како тинејџери. Оваа година, ќе сакаат да започнат да живеат заедно, така кажано, Венера се сели во седмото поле, полето на брак и заеднички живот, во мај. Значи, од мај до септември, тие можат да ја крунисаат врската со брак, но како што реков пред Нова година кога ја направив анализата на Цеца, таа сигурно има шанса за нова љубов во септември, но „лукаво“ ќе го одбие ако е се со Богдан во ред. Нумеролошки, не би требало да застанат на лудиот камен во мај, туку да го остават тоа за август 2022 година.