На „црвено“ е зголемена безбедноста во Србија по денешниот терористички напад

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека нивото на безбедност во Србија е подигнато на „црвено“ по терористичкиот напад што се случи во близина на израелската Амбасада во Белград.

Дачиќ рече дека приоритет е да се заштитат граѓаните од терористички акти.

– Во согласност со правилата и упатствата на Советот за национална безбедност, откако се случи терористички акт, кој е официјално окарактеризиран, прогласив црвено ниво на безбедносни закани од тероризам – рече министерот и додаде дека сега сите полициски единици се постапувајќи според упатствата.

– Граѓаните ќе видат поголемо полициско присуство на места кои се од јавен интерес – рече Дачиќ.

Да потсетиме, Милош Жујовиќ, кој ја смени верата и премина во ислам, денеска со самострел застрела припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.