Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, на почетокот од годинава си купил викендица во Маврово. Ни помалку ни повеќе во вредност од 55.000 евра. Викендицата има приземје и спрат, а вкупно со земјиштето има површина од 250 метри квадратни. Шилегов изјави дека информацијата е стара пола година и дека е уредно пријавена во анкетниот лист. Откако станал градоначалник ја земал, нешто после Нова година. Според него куќата е недопраена, треба дополнително да се прави. Според анкетниот лист Шилегов има вкупно четири стана во Скопје, од кои три се на неговата сопруга, а има уште една куќа во Скопје. Поседува уметнички слики од 3 милиони денари, благородни метали од 8 милиони денари, удели и акции. А сега и викендица од 55.000 евра односно околу 3.400.000 денари.
Па со среќа. Само уште да поведевте ред за комарците во Скопје…