На што и кого се однесува обвинението Талир?

Голема забуна има кај јавноста и секако кај членството на ДПМНЕ кое со години се држи во изолација и неинформираност од врхушката на партијата. Па исто така се прави и денеска кога е замрзнат имотот, околу 70 објекти на партијата. Функционерите на Мицковски се жалат дека ова било политички прогон и се разбира дел од членството ќе биде заведено.
Но поголемиот дел од јавноста се прашува што навистина стои зад Талир. Еве го целиот текст на истрагата. 
„Истрагата за предметот со кодно име „Талир“ беше отворена на ден 22.05.2017 година против вкупно 11 лица, и тоа поради постоење на основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Перење на пари и други приноси“, од казниво дело по член 273 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија, при што 9 лица се осомничени како директни извршители, додека две лица се осомничени како помагачи за истото кривично дело, односно поради постоење на основано сомнение дека 5 лица од вкупно 11те осомничени сториле кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, по член 353 став 4 в.в. став 3 в.в. став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија од кои двајца во својство на директни извршители, додека тројца во својство на помагачи.
Имено, во овој предмет станува збор за незаконско финансирање на политичка партија преку злоупотреба на службената положба на осомничените лица. Постои основано сомнение дека и покрај тоа што на првоосомничениот како претседател на политичката партија му биле добро познати законските ограничувања, сепак тој во периодот од 2009 до крајот на 2015 година овозможил финансирање на партијата спротивно на законските одредби, при што мотивите на делување на првоосомничениот биле исклучиво од лична природа и биле поврзани со зацврстување на неговата политичка моќ и позиција во партијата и во државата и обезбедување на целосна контрола над политичката партија. Истрагата за овој предмет е во тек.“
Она што е интересно што Мијалков во отвореното писмо го праша Мицковски дали и зошто бил изземен од истрагата Талир!? Со што имплицираше дека вториов се договорил или спогодил. Останува да видиме кои ќе бидат импликациите по партијата која во последно време стрмоглаво паѓа надолу.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.