Иако веќе неколку децении се сосема нормално жените први да им пријдат на мажите, статистиките сѐ уште потврдуваат дека и понатаму мажите се тие што воглавно први им приоѓаат на жените и од кои поголемиот дел од жените тоа го очекуваат.
Некои одбиваат да им пријдат на мажите поради срам, некои поради страв дека ќе бидат одбиени, а пак трети поради стравот дека нивното однесување ќе биде протолкувано на погрешен начин.
Но, она што треба да го запомните е дека и најсамоуверените личности понекогаш се соочуваат со одбивање и дека на ниту еден маж, како на ниту една жена не им е целосно сеедно кога тргнуваат во освојување на потенцијален партнер/партнерка.
Ако ве мачи помислата дека тој ќе го протолкува вашето однесување на погрешен начин и дека поради тоа ќе ве смета за лесна жена, слободно издишете затоа што мажите воопшто не мислат на такви работи.
Како што признаваат голем број мажи, единствено што чувствуваат кога жената ќе им пријде е апсолутно олеснување. Буквално им олеснува што следниот час нема да размислуваат за тоа дали жената ќе ги одбие, дали би требало да се обидат да ја бакнат и дали воопшто и се допаѓаат.
Значи, следниот пат кога ќе забележите дека постои хемија помеѓу вас и него, слободно пријдете му први и поштедете го од маките.