На Ѓавато забрана за движење за камиони

Од 08:15 часот изутринава е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патот Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ)
Заради снежните врнежи претходно беа воведени забрани за движење на камиони и автобуси на патот Тетово-Попова Шапка, а за камиони на патот Дебар – Маврови Анови и обратно преку планинскиот превој Стража.
Врнежите почнаа од ноќеска, а денеска, како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK