На јавните површини во Општина Аеродром има расфрлено отров!?!

Откако Локалната самоуправа добила информации дека на јавните површини во општината има расфрлено отров Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.
– Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон, информираа од Општината.
Од таму повикуваа: доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица “Аеродром” на телефонскиот број 02/2432-362, нагласувајќи дека исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.