На Јанева повторно ѝ се слошило, со полициско возило вратена во притвор

На специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше однесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, денеска повторно и` се слошило.
Како што објавуваат некои медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија. Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и со полициско возило била вратена во притворот во Шутка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.