На 11 јануари ќе се одржат локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, општини во кои на 19 октомври кога се одржа првиот круг од изборите не беше постигнат цензус.
Изборите денеска ги распиша претседателот на Собранието Африм Гаши, а во 13 часот е закажана седница на Државната изборна комисија кога треба да ги почне подготовиките за повторното гласање во овие четири општини.


