На 116 години почина највозрасната личност на светот

Јапонката Томико Итока, која е сметана за моментално највозрасното лице на светот, почина на 116 годишна возраст, јавува ДПА и АП.

Смртта на Итока настапила на 29 декември во старечки дом, соопштија од градскиот совет на Ашија во јужната профиција Хјого.

Таа била родена на 23 мај 1908 година, и е најстара од трoјцата браќа и сестри.

Итока беше прогласена за највозрасна жива личност од Гинисовата книга на рекорди по смртта на Марија Браниас Мореира која почина на 117-годишна возраст во август 2024 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: