На 17 години го родила синот, три години потоа загинал нејзиниот сопруг и била избркана на улица

Денес е една од најпознатите пејачки на овие простори, но зад нејзината кариера се крие голема и тажна животна приказна.
Стојанка Новаковиќ Стоја од секогаш сакала да стане пејачка, но нејзиниот татко се противел на тоа, па се омажила и на 17 години го родила синот Милан. По три години брак нејзиниот сопруг загинал во сообраќајна несреќа, а таа останала на улица со синот.

A post shared by STOJA (@stojainstitucija) on

-Немав што да јадам, ги делев компирите заедно со мојата сосетка, но секогаш имав сок и кафе за родителите кога ќе ми дојдеа на посета.Знаев дека сум пониска класа, но сакав да станам име и презиме и таа моја упорност ме туркаше напред, вели Стоја. Таа раскажува и дека на почетоците од нејзината кариера и било тешко да ги докажува лажните наслови дека нејзиниот сопруг се фрлил во река, а не дека загинал.
-Мојот син имаше три години кога неговиот татко загина, најважно ми беше само да нема лош живот бидејќи рано остана без татко, вели Стоја која додава дека сепак останала во добри односи со роднините на сопругот кој ја избркале од неговиот дом откако загинал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.