Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов во предвечерието на празникот Свети првомаченик и архиѓакон Стефан, 8 јануари (среда) во 17:00 часот, ќе ги донесе моштите на првомаченикот Стефан во парохиската црква „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица, а потоа ќе служи Вечерна богослужба. По богослужбата црквата ќе биде отворена до полноќ за чествување на моштите.
Утредента, во четврток 9 јануари, кога Црквата го чествува првомаченикот Стефан, епископот Стојанов во 09:00 часот ќе служи света архиерејска Литургија во црквата „Раѓање на свети Иван Крстител“ во Струмица. По Литургијата моштите ќе бидат изложени и верниците ќе имаат можност да ги чествуваат во текот на денот.