НБА: Нов пораз на Сан Антонио

 Шест победи за екипите кои играа на домашен терен на осумте одиграни натпревари во НБА лигата.Екипата на Сан Антонио, која го има најдобриот резултат во Западната конференција го забележа вториот пораз во серија.По поразот од Мајами, Спарси загубија и од Мемфис со 90:92. Мајк Конли со 23 поени и Џералд Бејлос со 17 поени го предводеа Мемфис до победата. Најдобар во редовите на Сан Антонио со 25 поени беше Тони Паркер. Спарси и на овој меч играа без Ману Џинобили, кој на терените ќе се врати за околу еден месец.Дербито се одигра во „Стејплс“ центарот во Лос Анѓелес, каде Индија ги совлада Клиперси со 109:106. До четвртата победа во низа Индијана ја предводеше Рој Хиберт со 26 поени и 10 скокови. Џамал Крофорд со 25 поени беше најефикасниот играч на Клиперси.Јута се наоѓа во серија од пет победи, со кои го држи осмото место на западот пред Лејкерси и Далас.Јута го надигра Портланд со 112:1012 и сега на табелата има една победа повеќе од ЛА Лејкерс. Ал Џеферсон со 24 поени и 10 скокови, односно Мо Вилијамс со 20 поени и девет асистенции беа најдобрите играчи на Јута.Минесота која нема никакви шанси за пласман во разигрувањето го совлада Бостон со 110:100. Брилијантен меч за Минесота одигра Црногорецот Никола Пековиќ кој постигна 29 поени (11/11 слободни фрлања), а во чекор го следеше Андреј Кириленко со 19 поени, девет скокови и пет асистенции. Резултати од другите натпревари:Торонто-Детроит 98:108Атланта-Кливленд 102:94Милвоки-Шарлот 131:102Хјустон-Орландо 111:103.
Макфакс Шест победи за екипите кои играа на домашен терен на осумте одиграни натпревари во НБА лигата.Екипата на С

Пронајдете не на следниве мрежи: