Невакцинираните деца нема да бидат примени ниту во градинка, ниту во училиште

Нашите заложби се во насока вакцинацијата да стане задолжителна и невакцинираните деца да не смеат да се примаат ниту во градинка, ниту во училиште, изјави во гостувањето на „1ТВ“ министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој најави дека се подготвуваат законски измени, според кои, дете кое не е вакцинирано, нема да може да биде примено во градинка или на училиште.


-Тоа е единственото, вистинско и долгорочно решение. Заради тоа што во многу земји во светот каде ги имале сите овие исти проблеми, така го решиле проблемот, со задолжителна вакцинација. На последниот состанок инициран од Светската здравствена организација, пред неколку месеци во Подгорица, на која главна тема беше имунизацијата, се разговараше за истите овие проблеми, типот на вакцини, опфатот на имунизација. Истите проблеми ги имаат сите земји во регионот, ги имаат развиените земји, ги има Израел. Израел го решил проблемот со тоа што станала вакцинацијата задолжителна, тие немаат проблем со вакви заболувања, вели Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.