Неверојатен бјути трик: Еве зошто сите мачкаат паста за заби на ноктите!

Интернетот е полн со снимки на кои луѓето мачкаат паста за заби на нокти. Погледнете што ќе се случи ако го направите тоа.
Негата на ноктите е секојдневна женска рутина, но некои дами мака мачат со кршење на ноктите.
Овој проблем доаѓа до израз особено за време на зимските денови поради ладниот воздух кој има лошо влијание на нашите нокти.
Помош во спречување кршење на ноктите може да побарате во паста за заби. Да, добро прочитавте!

Интернетот полуде по трикот со паста за заби, а многу корисници на ТикТок и Јутјуб мачкаат паста за заби од мента на ноктите.
Експертите тврдат дека пастата за заби не го забрзува растењето на ноктите, но може да ги осветли ноктите.
Ако сакате црвен лак или друга потемна нијанса, овој трик е одлично решение за вас, бидејќи ќе ги отстрани тврдоглавите остатоци од лакот за нокти со оглед на тоа дека содржи хидроген пероксид, кој делува како средство за избелување, велат експертите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.