Неверојатна можност: Изнајмете ја куќата во која е роден Хари Потер

Ако сте фан на најпознатиот волшебник на светот тогаш сигурно ќе ве израдува веста дека сега можете да преспиете во куќата во која е роден.
Неверојатна можност: Изнајмете ја куќата во која е роден Хари Потер
Секако дека станува збор за Хари Потер и куќата која во филмот беше дом на неговите родители Лили и Џејмс Потер, а се изнајмува преку веб-сајтот „Airbnb“. Да не дојде до забуна, станува збор за куќата во која Хари Потер ја помина првата година од животот, пред лордот Волдеморт да ги убие неговите родители, а не за домот на семејството Додли каде што живееше до заминувањето во Хогвортс.


Се работи за средновековна англиска куќа. Куќата „DеVere“ се наоѓа во градот Лавенам во округот Сафок и е една од најмагичните средновековни куќи во тој дел од земјата. Датира уште од XIV век и задржала голем број од карактеристиките од тој период, како дрвените конструкции, каминот, ѕидните слики, спиралниот столб кој е рачно исклесан со украси на циглите. Изградена е во еклектичен стил и гостите може да ги користат сите соби и бањи, како и собата за читање со камин и градина.


Неверојатна можност: Изнајмете ја куќата во која е роден Хари Потер
Во цената е вклучен и англиски појадок кој ќе ви биде послужен во трпезаријата, во главниот дел од куќата. Со оглед на градбата и староста на куќата газдите нагласиле дека не е дозволен престој за кучиња и деца и дека куќата не е пристапна за лица со попреченост.
Куќата се изнајмува на најмалку две ноќи, а цената за две лица е 18.270 денари. Освен што ќе спиете во домот на Хари Потер ќе бидете опкружени и со историјата на Велика Британија, како и со серијалот за најпознатиот волшебник на светот. Имено, Лавенам во филмот го „глумеше“ измисленото село Годрикова Долина. Куќата можете да ја изнајмите дури и на еден месец, па така ќе имате време да ги доживеете сите соништа за Хари Потер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.