Екипата на Денвер ја продолжи победничката низа во НБА лигата, откако благодарение на Кори Бруер ја победи Филаделфија со 101:100.Бекот на Денвер реализира три слободни фрлања на 2,1 секунди до крајот на натпреварот со што на Денвер му ја донесе 14-та победа во низа.Нагетси ја имаат втората најдолга серија во лигата, пред нив е само шампионот Мајами кој има 24 победи по ред. Никогаш во НБА лигата не се случило два тима истовремено да имаат победнички серии од најмалку 14 натпревари.Денвер против Филаделфија направи неверојатен пресврт, Нагетс на 10 секунди до крајот на мечот имаа негатива од пет поени, но Бруер најпрвин погоди тројка, потоа Тарнер ги промаши слободните фрлања, а откако Бруер беше фаулиран при обид за три поени, истиот играч ги погоди слободните фрлања и на Денвер му ја донесе 48-та победа во 70-от натпревар сезонава.Бруер натпреварот го заврши со 29 поени, кај Денвер се истакна и ветеранот Андре Милер со 21 поен и осум асистенции.Портланд во Чикаго ги совлада Булси со 99:89 – Ламаркус Олдриџ со 28 поени и осум скока, односно Демијан Лилард со 24 поени и седум асистенции го предводеа Портланд до победата.Сакраменто ја совлада Минесота со 101:98, гостите во последните секунди не реализираа тројка со која ќе избореа продолженија. Сакраменто до победата го предводеше Тајрик Еванс, кој 11 од 21 поен постигна во последната четвртина, најефикасен кај Кингс беше Ајзеа Томас со 24 поени.
МакфаксЕкипата на Денвер ја продолжи победничката низа во НБА лигата, откако благодарение на Кори Бруер ја победи Филад