На една адреса во Будва, во само две деловни згради, регистрирани се неверојатен број од 2.606 компании, покажуваат податоците од јавниот регистар на Централниот регистар на економски субјекти (CRPS).
Според информации од неколку извори, пишува подгоричкиот портал „Борба“, станува збор за фиктивни компании, од кои голем дел се во сопственост на турски државјани и постојат само „на хартија“, користејќи ги како штит за престој и добивање дозволи во Црна Гора.
Во зградите лоцирани помеѓу Секретаријатот за урбанизам на општина Будва и Управата за приходи, според достапните податоци, регистрирани се илјадници компании кои немаат реален деловен простор, вработени или економска активност.
Повеќето од нив користат исти адреси и контакт информации, додека некои компании ги делат истите претставници или правни застапници, објавува euronews .
На терен, може да се забележи дека во овие објекти се сместени агенции кои нудат „деловна помош“, т.е. фиктивна регистрација на компании за странски државјани.
Во пракса, странските државјани, главно од Турција, основаат компанија со минимален капитал (едно евро), со што создаваат основа за добивање дозвола за привремен престој.
Според анонимните извори на порталот од бизнис секторот во Будва, овие компании „постојат само на хартија“, а нивната вистинска цел е да овозможат легален престој во земјата.
„На една адреса можете да имате сто компании кои никогаш не поднеле даночна пријава. Тоа е механизам што се користи низ целиот брег, но Будва е епицентарот“, вели даночен инспектор, кој сака да остане анонимен
The post Неверојатно – над 2600 странски компании се регистрирани на една адреса во Будва appeared first on Во Центар.



