Невин поминал 27 години зад решетки: Конечно е пуштен поради своите цртежи

Затвореник од САД е пуштен на слобода откако после 27 години е докажано дека не е виновен, а целиот процес на ослободување го започнаа неговите цртежи од голф терен.
Неговиот импресивен талент за цртање го забележале чуварите во затворот, а цртежите му се објавени во магазинот „Голф дајџест“, што ги навело адвокатите подобро да го истражат неговиот случај.
Валентино Диксон сите овие 27 години тврдел дека е невин и дека не е виновен за убиството кое се случило во Бафало во Њујорк. Пуштен е на слобода откако друг маж го признал тоа убиство.
Неговиот талент го открил чувар во злогласниот затвор, кога го замолил да му нацрта еден голф терен.

-После 19 години во Атика затворот, изгледот на голф дупка ми остави навистина впечаток. Изгледаше така мирно, како на риболов. Не знам ништо за голфот, јас сум од гето, раскажува Диксон.
Кога неговите цртежи биле објавени во магазинот, ги мотивирало студентите од Џорџтаун универзитетот да се позанимаваат со неговиот случај.
Тој бил осуден поради убиството на 17 годишниот Торијан Џексон во 1991 година, поради караница околу девојка. Диксон признал дека бил на местото на злосторството, но дека само купувал пиво во блиската продавница.
Кажал дека имал повеќе сведоци кои можеле да потврдат дека не пукал. Меѓутоа, во текот на судењето, неговите адвокати не ги повикале, а не сведочеле ни детективите кои работеле на случајот.
Што е уште почудно, студентите откриле дека Диксон дури бил тестиран на траги од барут и тестот бил негативен.
А потоа, тука е најбизарната ставка, еден маж неколку дена после убиството на медиумите им признал дека е тој убиецот.
-Не сакам мојот пријател да страда поради нешто што сум направил, рекол правиот убиец Ламар Скот за „WGRZ TV“.
Скот сега и официјално признал дека тој пукал. Тој веќе е во затвор поради друг напад.
Ова е најдобро чувство на светот, кажал Диксон кога излегол од затвор. Го дочекала ќерката, која била бебе кога тој бил уапсен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.