Како што стои во реакцијата испратена од дел од членовите на Алијанса за Албанците (АА) во Тетово, кои ги поддржува ставовите и активностите на Зијадин Села, нелегитимна и незаконска е денешната средба што Таравари ја најави како вонреден конгрес во Скопје и додаваат дека има голем број прекршувања во свикувањето на, како што велат, таканаречениот конгрес
Невистина и обид за манипулација е сè што ќе кажат двајца поранешни владини функционери и еден поранешен член, а ниту еден од нив партиски функционер ниту, пак, член на Собранието. Тие денеска се обидоа да го оспорат законското право на дејствување на претседателот на Собранието, на пратениците и на сите членови и функционери избрани од легитимните партиски тела. Денеска бевме сведоци на уште еден апсурд од свој вид, се наведува во соопштението испратено од дел од членовите на Алијанса за Албанците (АА) во Тетово, кои ги поддржува ставовите и активностите на Зијадин Села, кој е претседателот на Собранието на АА.
Соопштението е реакција на денешната прес-конференција која се одржа во седиштето на партијата, а ја држеа приврзаниците на лидерот Арбен Таравари.
„Собранието го свикува претседателот на Собранието, додека за консултација со претседателот на партијата чекавме два месеци да се свика Претседателството, чекавме со недели на состанок, но и претходно се консултиравме. Нелегитимна и нелегална е средбата свикана во Куманово каде немаше ниту покана, ниту записник, ниту печат, ниту потпис, ниту законска процедура“,
се вели во соопштението.
Што се однесува до конгресот, како што се додава во соопштението, тој го свикува претседателот на партијата или две третини од членовите на Собранието.
„Конгресот го свикаа две третини од присутните пратеници во единственото легално Собрание свикано од претседателот на Собранието, Зијадин Села. Целата јавност е сведок за фалсификување потписи и членови на Собранието од нивна страна, преку сведочењата на самите членови кои исто така јавно излегоа и покажаа дека нивните потписи биле злоупотребени во Куманово од неовластени лица. И ова, да, претставува кривично дело“,
се додава во соопштението испратено од членови на АА кои ги поддржуваат ставовите и активностите на Зијадин Села.
Како што стои во реакцијата, сметаат дека нелегитимна и незаконска е денешната средба што Таравари ја најави како вонреден конгрес во Скопје и додаваат дека има голем број прекршувања во свикувањето на, како што велат, таканаречениот конгрес и прашуваат кој ќе го води.
„Како прво, не беа поканети делегатите на конгресот ниту највисоките функционери, ниту пратениците, ниту мнозинството делегати, што покажува дека се подготвува следниот фалсификат. Дополнително, во членот 28 од Статутот е наведено дека работата на Конгресот, до изборот на претседавач со работата, ја води генералниот секретар“,
се вели во соопштението.
Од Алијанса за Албанците на Зијадин Села велат дека денешната средба е нелегитимна и незаконска и додаваат дека единствениот легален конгрес се одржува в недела, на 18 февруари, со почеток во 13 часот во салата на Националната опера и балет во Скопје. Секој друг повик, се додава во соопштението, е кршење на Статутот и незаконски собир.