Француската стапка на невработеност дополнително порасна во последните три месеци од 2012 година, достигнувајќи највисоко ниво од второто тромесечје во 1999 година, што покажува со какви предизвици се соочува новата влада до крајот на годината да го промени ваквиот тренд.Стапката на невработеност во Франција порасна во минатото тромесечје за 0,3 отсто, на 10,6 отсто. Стапката на невработеност во втората по големина економија на еврозоната порасна шесто тромесечје по ред.Минатата недела министерството за труд објави дека во јануари без работа биле вкупно 3,17 милиони Французи, што е близу до јули 1997 година, кога биле забележани историски 3,196 милиони без работа.
МакфаксФранцуската стапка на невработеност дополнително порасна во последните три месеци од 2012 година, достигнувајќи