Невработеноста падна на 17,5 отсто, објави Државниот завод за статистика

Стапката на невработеност која во првиот квартал изнесуваше 17,8 отсто, а на крајот на 2018 година 20,7 отсто во вториот квартал на 2019 година падна на 17,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци бројот на невработени лица во земјава изнесува 168.180 лица, а бројот на вработени 794.283 лица.
Стапката на активност во вториот квартал е 57,1 отсто, стапката на вработеност 47,1, додека стапката на невработеност изнесува 17.5.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.