Невремето во Европа однесе најмалку шест жртви

Како последица на лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија загинаа најмалку шест лица, а властите во трите земји денес предупредија на ризик од лавина на северните Алпи.
Германската полиција соопшти дека во Вакерсбер во Баварија загинал 44-годишен маж, откако врз него паднале гранки од дрво натрупани со снег. Од невремето во Баварија загина и една жена.
Една жена беше потрупана со снег во Швајцарија, по што почина од здобиените повреди.
Во Австрија тројца скијачи загинаа во лавина на Алпите.
Заради ризик од лавина, патот и целото скијачко подрачје Хохкар се затворени, а во австрискиот регион Штајермарк и во некои делови на германската покраина Баварија денес не се одржува настава затоа што училиштата се затворени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.