Силен дожд и грмежи вчера погодија повеќе делови од Србија предизвикувајќи проблеми со ветровите и проблеми во сообраќајот, а под вода биле и некои сообраќајници во Белград..
Силното невреме со силен ветер и големи количини дожд ја погоди Суботица околу 18 часот, а како што јавуваат локалните медиуми, во тој град голем број улици се поплавени, сообраќајот е скоро стопиран, а на паднати се многу дрва, додека пак едно лице е полесно повредено.
Силното невреме траело десетина минути.
Подвозникот кај железничката станица во Суботица скоро еден час бил блокиран поради преоптеретените канализациски одводи, а полициската патрола дежурала на двете страни од патот.
Според информациите едно лице полесно повредено. При пад на стебло на возило во движење.
На голем број улици паднати се дрва, а гранките се скршени, во една населба во овој град пак дрво блокирало пат, додека едно стебло уништило паркиран автомобил, велат во полициската станица во Суботица.
Најголема материјална штета досега е забележана на кровот на зградата на Економскиот факултет и Студентскиот центар, од каде одлетал дел од кровната конструкција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.