Невремето предизвика хаос на Балканот (ВИДЕО)

Обилни дождови денес го погодија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, а во Приједор и Босански Нови се излеаја локалните реки. Во Приједор се поплавени околу 200 станбени објекти, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
Заради огромната количина на дожд кој вчера падна во попладневните часови и кој се уште паѓа, Реката Јошавка се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава. Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.
Силно невреме вчера ја зафати и Хрватска.
Во сите делови на градот на улиците во Загреб утринава имаше многу скршени гранки, дрвја, растурени контејнери за отпадоци или дрвени штандови, а некаде и откорнати семафори. Итните служби и пожарникарите се на терен, а полицијата ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор ако немаат итна потреба.
Невереме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредување дека од денес до петок се очекува голема количина на врнежи од дожд.
Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства кои ги следат водостоите на реките, а РХМЗ ги вклучи портокаловиот и жолтиот метеоаларм.  (МИА)
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.